Дејвид Спигелхалтер е професор по разбирање на ризикот во Статистичките лаборатории во Универзитетот во Кембриџ кого како и повеќето луѓе го интересира сексот, но од малку поинаков агол.
-Нашите сексуални однесувања имаат длабоко влијание не само врз нашиот живот, туку и на тоа како е обликувано општеството, напишал Спигелхалтер.
Тој исто така открива дека последното истражување покажува дека Британците се` помалку уживаат во сексот.
-Иако живееме во ера која никогаш не била повеќе сексуализирана отколку денес, всушност водиме љубов многу помалку отколку кога било. Истражувањата покажуваат дека во последните три децении, возрасен Британец дошол од имање секс пет пати месечно на тоа да има секс три пати месечно, открива Спигелхалтер.
Логично е паровите кои живеат заедно почесто да имаат сексуални односи, но и во тој дел бројките паднале. Пред 20 години, жената која живеела со својот партнер имала секс со него шест пати месечно, додека денес тоа го прави четири пати во период од еден месец.
„Ако се продолжи овој тренд, може да се предвиди дека просечна личност во 2040 година нема да има сексуални односи“, ја изнел црната прогноза професор Спигелхалтер.
Тој додал дека најзагрозените се оние луѓе на возраст измеѓу 25 и 34 години, кои иако се на врвот од сексуалната моќ, тоа воопшто не го искористуваат. Љубов водат три пати месечно, а еден од четворица признава дека немал секс еден месец.
Експертите веруваат дека се` повеќе работи ќе го одземаат нашето време, што значи дека сексот ќе ни станува помалку важен.