Непосредно по референдумот низ медиумите проструи информација дека докторка од поликлиниката Букурешт, јавно на својот Фејсбук профил, споделила пост во кој таа се заканува со санкции кон сите оние кои бојкотирале на денот на референдумот. Знаејќи дека докторката е само обичен доктор во поликлиниката Букурешт не е раководител, таа неможе на никого друг освен на своите пациенти да ги изреализира заканите. Истата докторка во нејзиниот следен пост посочува дека не е лошо да се почне со пишување на отказни решенија на тоа се алудира во постот, за сите оние вработени бојкотирачи.
Со самото непрофесионално однесување, докторката не само што се понижува себеси, ја омаловажува и позицијата доктор која таа ја преставува во оваа државна институција.Нашата екипа стапи во контакт и со докторката и побаравме изјава, да она ја каже целата случка, што се постирало, зошто, како од кои побуди и слично, но докторката не сакаше да разговара со нас, со самото тоа не сакаше и да даде изјава.
Згора на тоа после сите тие закани, без проследено јавно извинување на нејзиниот профил, кој е тој пациент кој свесно ќе отиде кај дотичната докторка и ќе побара било каква медицинска интеревенција. Кога се знае дека таа докторка дискриминира, политички, со тоа и верски, по боја на кожа и како уште не.
Кога нашата екипа отиде да го испита случајот прво се упативме во Здравствениот дом Скопје кој е водечка институција и која под закрила ги има сите здравствени домови на територијата на Скопје, со тоа и поликлиника Букурешт. Разговаравме со директорот на Здравствен дом – Скопје, Златко Мехмедовиќ. Според него статусите се пишувани на нејзин личен профил и дека не може тој како надреден да си дозволи да влијае или било како да се однесува, да превземе некакви санкции или мерки кон колешката.
Наидовме на повеќе пациенти, но повеќето не сакаа да зборат пред камера, неофицијално се жалат на услугите од лекарите, но не од сите. Сепак една госпоѓа разговараше со нас.
Упатените велат дека за ова треба да се поднесе претставка до Етичката комисија која треба да реагира на вакво однесување. Сепак велат тие Фејсбук е на некој начин медиум кој го креира јавното мислење. Оттука надлежните се на потег да реагираат за ваквото однесување на докторката.