Поларниот бран кој изразено ја зафати нашата држава во текот на изминатиот викенд услови многу ниски температури на воздухот кој како што и беше очекувано на повеќе места паднаа и под -10 степени, најстудено беше во Маврово каде викендов беа измерени -15 степени во утринските часови.
Во следниот период следува претежно стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Ќе дува умерен северен ветер.
Прогноза за 26.02.2019
Минимална температура: -9°C до -1°С
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Прогноза за 27.02.2019
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C
Променливо облачно со умерен северен ветер.
Прогноза за 28.02.2019
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Позначително затоплување на времето ќе има во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, исто така релативно топло ќе остане и за време на викендот.
Напоменуваме дека полека и го завршуваме најмалиот месец во годината, ни следи Март, а како и секогаш ќе биде Баба Марта со триста ума.