Според последните информации за министерот за здравство Филипче, најповолна локација за изградба на новиот Клинички центар е месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров – покажале прелиминарните резултати на работната група во која се вклучени и архитекти кои изминатиов период анализирале повеќе локации, меѓу кои и во Петровец.
„Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на новиот Клинички центар. Големи се шансите да биде во Општина Ѓорче Петров бидејќи локацијата е најповолна од сегашните резултатите. Резултатите ќе бидат презентирани во Собранието на јавна дебата“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Како претходно што се посочи, Зоран Заев и Венко Филипче и работната група која што ја формираа за оваа цел беа на терен и разгледуваа неколку локации. Складно на резултатите ќе се утврди која е најсоодветна. Изјавата на Зоран Заев даденана 8-ми Ноември беше следната:
„Денеска архитектите и инженерите утврдуваат која локација е најсоодветна, да биде сто отсто државна, да има урбанизам, да не биде мочурливо земјиште за брзо да можеме да стартуваме. Верувам дека уште на почетокот во 2019 година ќе можеме да распишеме тендер за избор на изведувач, а некаде до крајот на 2019 да почнеме со изградба на Клиничкиот центар“.
Анализата на здравствениот систем ќе ја прават експерти од Европската комисија во која ќе бидат вклучени и тимови од Банката на Советот на Европа. Тие ќе го анализираат системот на сите нивоа, за да се димензионира Клиничкиот центар според бројот на дејности, кревети и големината. Проценката дека новиот Клинички центар ќе чини 450 милиони евра е стара, така што треба се направи нова поради тоа што е сменета ситуацијата и се планира малку поинаков концепт, што ќе даде интегриран тип здравствена услуга. Тоа значи пациентот на едно место да ги добие сите здравствени услуги, во најкратко можно време. Министерот Филипче во интервју за „Независен“ рече дека плановите се на истата локација да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина. Она што е важно е Клиничкиот центар да биде лесно достапен за граѓаните на Скопје и на целата држава и да им понуди современи медицински услуги. Од Банката на Советот на Европа се согласиле да го финансираат и новиот проект за изградба на Клинички центар, ама инсистирале тоа да биде по соодветната анализа.