Нови 66 заболени од Ковид-19, вкупниот број се искачи на 974 лица

Во изминатите 24 часа потврдени се 66 нови случаи на Ковид-19 со што во земјава има вкупно 974 дијагностицирани пациенти. Едно лице почина, а регистрирани се 12 оздравени пациенти од…

Во изминатите 24 часа потврдени се 66 нови случаи на Ковид-19 со што во земјава има вкупно 974 дијагностицирани пациенти. Едно лице почина, а регистрирани се 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови. Тие по два контролни теста се негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

-За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажа присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.

По градови, согласно новото коригирано соопштение на МЗ, а по завршената епидемиолошка анализа од страна на ИЈЗ, две лица позитивни на Ковид-19, евидентирани во денешниот извештај во Охрид, е утврдено дека се жители на Струга, но се тестирани преку пунктот во Охрид. Согласно тоа, дистрибуцијата на случаи по градови е: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип-31, Прилеп –89, Тетово – 43, Струга – 49, Велес – 36, Битола –9, Охрид –7, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2, Кичево – 1 и Неготино -2.

Досега во земјава направени се вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.


Related Articles