Две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се воведуваат во календарот за имунизација, наводно се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот (според министерот за здравство, кој на овој начин сам себе се фали) на поле на имунизацијата.
Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Но, кој всушност одлучува дека тоа е најдобро, дека тоа е така и дека треба нашите деца да ги примат тие вакцини, кој излезе со спремно известување зошто се воведуваат овие вакцини, после какви размислувања и согледувања, што ги навело да го сменат календарот за имунизација и ако веќе тоа некој го решил како такво, па нека е и министерот за здравство не треба ли да има некоја комисија која ќе биде над министерот за одлучување по вакви прашања. Не треба ли групно да се реши ова прашање, комисиски од повеќе доктори не вака како на тезга. Затоа што на тој начин судбината на цела мала и млада популација во Македонија се става во рацете на еден човек, кој можеби е експерт за одреден сегмент од медицината, меѓутоа не верувам дека е експерт за сите сегменти и дека тоа е нешто што може сам да го одлучи.
Но и покрај тоа денеска на средба со новинарите тоа веќе го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат воведени уште две други нови вакцини кои ќе бидат замена за постари кои ги има во календарот за имунизација. Кратко и јасно, бидејќи нема потреба тој да се објаснува на популацијата зошто се менуваат вакцините, дали поради подобар дил со произведувачот или сепак позади промената стои вистинска и искрена желба да се помогне?
Најстрашното од се е тоа што до сега Македонија немала комитет за имунизација, сега ќе се формира и тој уште пред да биде формиран ќе се направи промената на календарот за имунизација и воведувањето на вакцините, комитетот ќе се оформи, па после само нека седи и нека ужива бидејќи промената ќе биде веќе направена, паушалите се тука за членовите за да не мислат тие многу има кој да мисли. На крај се се сведува на тоа дека судбината на новите деца што доаѓаат на овој свет и ќе се родат во Македонија, што ќе примат како вакцина ќе им одлучи министерот за здравство Венко Филипче, кој по вокација е неврохирург не имунолог или личност компететна во делот на имунизацијата да делува, говори или било што да прави.
На денешната средба со новинарите министерот најави дека тек допрва ќе се формира Комитет за имунизација, кој ќе биде национално координативно тело, дел од кое ќе има задача да го следи целокупниот процес на имунизација, од внесот на вакцините, начинот на дистрибуција, складирањето, начинот на апликација…
Појасни дека се планира промена во тендерска постапка и да нема обврска за одредени количини вакцини, туку да има одредена рамка и да се повлечат вакцини колку што ќе требаат. На тој начин очекуваат заштеда. Дали навистина ќе има заштеда или тоа е само да се сврти мислата на новинарите во друга насока од вистинското прашање, кој му ја дал толку големата власт и одговороност на министерот сам да донесува одлуки за вакви битни, суштински и важни прашања за сите деца во Македонија, бидејќи верувам дека народот во ниеден момент не го потврдил некаде тоа.
Замислете си само како било пред 50 години, дали некој можел да смени календар за имунизација да извади, не дај боже да стави или да смени вакцини туку така во два дена со еден потпис со една одлука, од само еден човек и тоа да не помине низ филтри, комисии, разгледувања и елаборации зошто ДА, зошто НЕ.
Сублимацијата на целиот тој процес во една недела е тоа што ги плаши граѓаните по улиците, што родителите се одлучуваат да не ги вакцинираат децата, што има одредени последици по одреден процент на деца после примање на вакцините. Сите родители кои ќе го прочитаат текстот, па и оние кои не се, запрашајте се дали е во ред промената, дали треба да се случи, ако е оправдана во ред, но која е причината дали некој ви објаснил и на крајот дали не треба да помине низ повеќе филтри една ваква одлука, каде се тука во равенката граѓаните не Р. Македонија и нивните деца кои треба на крајот да ја примат вакцината, за која некој друг одлучил што ќе биде и која, од кој производител и колку?
Дали детето на министерот за здравство би ја примило или ја примило оваа вакцина, ако не зошто тоа не е вакцинирано за народот да знае дека тоа е сигурно и во ред, само така министре ќе покажете дека ви значат луѓето во Македонија и дека вие вистински мислите за секој од нив. Само во тој случај ќе поверува Македонија на вашите искрени намери!