Повеќе од еден век лекарите не предупредуваат дека е солта опасна заради ризикот од висок притисок. Но новото истражување објавено во престижното списание British Medical Journal тврди: вистински виновник за хипертензијата е шеќерот, а не солта!
Иако многу лекари се уште ќе инсистираат на тоа нивните пациенти со хипертензија да ја намалат, или дури да ја елиминираат солта од исхраната, новите сознанија не ја поддржуваат оваа стратегија. Имено, новите истражувања повеќе на наоѓаат јасна поврзаност помеѓу внесот на сол и покачениот притисок.
Напротив, повеќе истражувања утврдиле дека ограничувањето или елиминирањето на солта од исхраната, наместо да го намали, го зголемува ризикот од појава на фатални срцеви проблеми.
Меѓутоа, истражувачите од Институтот за срце во Канзас Сити и Монтефиоре Медицинскиот центар од Њујорк кои детално ги проучиле досегашните истражувања за односот помеѓу внесувањето на шеќер и крвниот притисок, тврдат дека познатите факти го зборуваат следното: Ако внесуваме 25 отсто од калориите преку додадениот шеќер, тоа тројно го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести. Кај оние кои 10 отсто од калориите внесуваат преку додадениот шеќер, тој ризик не е зголемен.