Универзално здравје за сите, за еднакво и партиципативно општество, еднаков пристап без предрасуди, стеротипи, само на тој начин можат да се променат наративите во здравството, ова е пораката која упатија од Националниот Ромски Центар, на прес – конеференција во пресрет на Денот на здравјето.

Оваа организација десет години работи на проекти за унапредување на здравјето на Ромите и генерално на граѓаните на државата.

НРЦ, минатата година направи истражување и резултатите укажуваат дека младите и жените Ромки кои се невработени немаат пристап до квалитетни здравствена услуга во примарното здравство, немаат пари за партиципација, ниту за терапија.

-Државата покажува позитивна волја за имплентација на различни меѓународни конвенции и протоколи, но од друга страна реалноста покажува дека не можеме да дојдеме до лекарства, ограничени сме поради пректично неимплемнтирачки политики. Постојаните законски и административни измени се бариера, жените недоволно се информирани за своите права и им требаат допонителни информации,изјави координаторот на проектите од здравствена област од НРЦ, Себихана Скендеровска.

Во Куманово, во моментов нема мамограф, што е дополнителен финансиски товар за пациентките кои патуваат со Скопје, беше речено на прес-конференцијата.

 

Овој 7 април, НРЦ го посветува на универзалната покриеност на здравствените услуги и повикаа на еднаков простап до услугите за сите, со посебен акцент на ранливата категорија, жените Ромки, креирање на здравствени политики за жените и децата, ефективна примарна здравствена заштита, еднаква распределба на здравствениот кадар во сите региони, инвестирање во медицинско образование и специјализација на дефицитирани профили, креирање на пакет на здравствени услуги кои ги покрива фондот, мониторинг на услугите, еднаков пристап до лекови.