Од месец март Ковид-пасошот стапува на сила, без него нема да може да се патува со авион

КОВИД-Пасошот стапува на сила. Доколку сакате да патувате со авион, од месец март оваа година тоа ќе можете да го сторите само со Ковид-пасош. Меѓународната организација за авионски транспорт ќе…

КОВИД-Пасошот стапува на сила. Доколку сакате да патувате со авион, од месец март оваа година тоа ќе можете да го сторите само со Ковид-пасош. Меѓународната организација за авионски транспорт ќе одлучува за неговото стапување во сила, а првите кои што ќе употребуваат ќе бидат големите авиокомпании.

Ковид-пасошот ќе биде достапен и преку мобилна апликација, така што ќе може да се потврди дека патникот направил тест или ја примил вакцината против коронавирусот. Компаниите забрзано работат на создавање на апликацијата, која ќе биде бесплатна за користење. Ваквата електронска апликација во која ќе се внесуваат податоци за состојбата на патникот поврзана исклучиво со коронавирусот ќе докажува дека сме безбедни да патуваме.

Очекувањата за во иднина се дека токму овој документ, односно Ковид-пасош, ќе биде неопходен и задолжителен за патување. Туристичките работници и сите засегнати и погодени од коронакризата велат дека ова е единствена шанса за брзо опоравување пред се на туристичкиот сектор, а потоа и на авионскиот сообраќај.

Од Меѓународната организација за авионски транспорт велат дека на овој начин ќе биде зголемена довербата за отварање на границите и на авионскиот транспорт, исто така за патниците нема да има ниту карантин, бидејќи истите ќе имаат доказ дека ја примиле вакцината против коронавирус.


Related Articles