Овие намирници ќе ви помогнат во борбата против овие проблеми…

Риба богата со масни киселини

Во истражувањата направени од Универзитетот во Охајо, студентите ги земале суплементите омега 3 масни киселини и успеале да ја намалат анксиозноста за околку 20 проценти, во однос на оние кои земале плацебо. Не е неопходно да се одлучите за суплементи, но можете да се исхранувате со храна богата со омега 3 маснаи кисели кои ги содржат одредени видови на риби.

Чај од камилица

Камилицата се користи во здравството уште од дамнешни времиња, но неодамна е откриено дека позитивно делува на лица кои патат од анксиозност, и тоа од блага до умерена форма на болеста. Ако не сакате чај, потрудете се да набавите екстракт од камилица.

Јајца

На мозокот му се неопходни витамини од Б групата за нормално да функционира. Ако ги нема доволно во нашата исхрана може да дојде до нервоза, анксиозност, чувствителност и многу други последици. Потрудете се во исхраната да имате различни продукти кои се богат извор на витамин Б, како цитрусно овошје или јајца. Во јајцата има и нолин, хранлива состојка која им е посебно потребна на жените во менопауза.

Пробиотици

Оддамна знаеме дека мозокот и желудникот се поврзани, инаку како би чувствувале глад? Меѓутоа, новите истражувања покажаа дека бактериите во нашиот желудник имаат влијание врз нашите чувства. Пробиотиците, добри бактерии, овозможуваат исправно функционирање на дигестивниот систем, но некои од нив, кои се наоѓаат во јогуртот, го намалуваат стресот, анксиозноста и депресијата. Научниците истакнале дека ваквото откритие е охрабрувачко, но дека се потребни понатамошни истражувања.

Зелен чај

Зелениот чај е богат извор на танин, кој има смирувачко дејство врз човекот. Едно истражување покажало дека студентите кои се склони на анксиозност останале мирни после само 200 милиграма од оваа амино киселина.