Погледнете каква е состојбата во светот со коронавирусот денеска

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.622.256. Од нив починале 487.340, а оздравеле 5.229.029 луѓе. – Во Србија во полседните 24 часа се тестирани 7.311 лица,…

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.622.256. Од нив починале 487.340, а оздравеле 5.229.029 луѓе.

– Во Србија во полседните 24 часа се тестирани 7.311 лица, од кои 137 се заразени со новиот коронавирус.

– Маж на 52-годишна возраст, заболен од Ковид-19, почина денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на жртви на новиот коронавирус достигна 41. Вчера беа регистрирани 95 новозаразени и 63 излекувани, а бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 2.363. Како излекувани се водат 1.171 случај. Активни носители на коронавирусот, според последните официјални информации, се 1.151 лице. Вчера се извршени 311, а вкупно од појавата на пандемијата 22.444 тестирања.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, оздравени но и починати лица. Во изминатото деноноќие потврдени се 78 новозаразени, со што бројката се големи на 2.192, оздравени се 33 или вкупно 1.250, почина едно лице или вкупно 48 лица. Активни на болеста се 894, од нив 76 се на болничко лекување,од кои 14 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19 и еден смртен случај. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.221 лице, а почина 191 лице.

epa08252201 Two girls wear a protective face masks as they exit Attiko hospital, where the first confirmed, in Athens and the third in Greece coronavirus COVID-19 case is being treated, in Athens, Greece, 27 February 2020. EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

– Од 1.104 тестови во изминатото деноноќие на Кипар е регистриран еден нов случај на Ковид -19 и тоа кај лице кое од странство пристигнало во земјата. Бројот на позитивни случаи се зголеми на 992.

– Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 95 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата достигна 2.483 лица. Досега се тестирани 74.657 лица, од кои 919 во последното деноноќие. На болничко лекување се 42 лица. Вкупниот број починати и натаму е 107, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.


Related Articles