Парите кои државата ги позајми од Банката на Советот на Европа за изградба на Клиничкиот центар, владата одлучи да ги врати. Станува збор за 70 милиони евра. Образложението на министерот за здравство, Венко Филипче е дека изградбата на нов клинички нема да даде современа здравствена услуга бидејќи изостанува добро сообраќајно решение.
За министерот за финансии Драган Тевдовски радува фактот што 70 – те милиони евра ќе бидат вратени без да плаќаме пенали. Ова беше истакнато на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Властите најавија дека од септември заедно со експерти од Европската Комисија ќе почне да се работи на изнаоѓање решение за Клиничкиот центар.
Опозицијата веднаш обвини дека власта згасна изградба на уште еден капитален проект кој требаше да им служи на граѓаните.
Граѓаните само се прашуват себеси и го прашуваат и министерот Филипче воедно и целата влада, како тоа од реновирање на клиничкиот центар, кое не беше соодветно за оваа влада се дојде до нов проект и нова местоположба на клиничкиот центар.
Се изработи и проект или 3Д визуелизација, за на крај да заврши неславно и сето тоа под изговор дека нема доволно експерти од областа сообраќај во државата кои може да дадат или да понудат соодветно сообраќајно решение, па сега ги враќаме парите назад, за да НЕ може граѓаните и понатаму да се надеваат дека ќе добијат за извесен период подобро здравство.
Дека можеби ќе помине време, иако не требаше и не беше така посочувано во предизборната кампања на оваа власт, но сепак граѓаните ќе добијат соодветен или некаков клинички центар, вака ниту се реновира стариот клинички центар, ниту се подобруваат условите по клиниките ниту пак се гради нов клинички центар. Вистината е една дека оваа влада не го успори градењето во главниот град, го сопре и го стави во минатото.
Ние граѓаните може само да се надевам што поскоро да замине оваа власт и да видиме подобро утре во здравствениот систем, бидејќи ова е навистина неподносливо. Ова е хорор за македонскиот пациент.