Еден болен на секој 11 човек на планетата. До 2040, според светската статистика, ќе биде еден на 10. Едно од седум раѓања страда од гестациски дијабет. Ова се последните, показатели на пандемското движење на дијабетот. Светските здравствени власти веќе го вклучуваат алармот за оваа состојба која доколку не се следи може да биде фатална по животот. Од здруженијата во Македонија велат дека едукацијата е првиот чекор кон превенција.
„Едукацијата е првата, основната превенција за од дијабетес Тип 2. Значи, преку едукативни каравани, колку што можеме да влијаеме на, оној здрав начин на живот кој што е првична превенција за спречување или одолговлечување на колку што може да дојде подоцна појава на дијабет тип 2“, вели Бојан Киров, претседател на здруженијата против дијабет.
Недоволната физичка активност, брзата и неквалитетна исхрана се дел од причините кои се ставаат на контото на дијабетот и неговата галопирачка појава. Постарите пациенти, велат дека мора да се внимава за да се држи болеста под контрола.
Во Македонија 500 деца вклучително и адолесценти имаат дијабет од ТИП 1. Колку се во претдијабетна или состојба на ТИП 2 нема податоци.
„Во главно децата во Македонија живеат со состојбата. Која ја носи тип 1 дијабетот. Велам состојба зошто ако добро го регулираме дијабетесот може сосем нормално да се живее. Односно да не донесе до доцни компликации. И со тоа да не стане болест. Инаку во Република Македонија, има над 100 илјади лица со дијабетес, од нив 40 илјади се со со инсулинска терапија, како и сите деца со ТИП 1“, вели Наташа Деспотовска Димитриеска, претседател на Асоцијацијата на здруженија против детски дијабет.
Од здруженијата на лица со дијабет очекуваат до крајот на годинава со распишувањето на новиот тендер за набавка да се отфрли сенката која паралелниот увоз ја фрла врз квалитет на инсулинот. Истовремено бараат конечно да почне да се набавуваат и иновативни инсулини, кои како што велат, се регистрирани во Агенцијата за лекови , но не се набавуваат. Инаку, 12 проценти од светските здравствени буџети се трошат за контрола и лекување на дијабетот.
Лекови може да нема или да се неквалитетни или да недостасуваат за луѓето кои чекаат инсулинска терапија ама за препакување на лекови секогаш има време, Филипче кога македонските дијабетичари ќе добијат поквалитетен инсулин, како и воведување на иновативни инсулини во лекувањето. Кога министре, до кога Ден Дончев и ФЗОМ ќе спијат? – прашуваат дијабетичарите во Македонија