Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 5, Тетово – 4, Гостивар – 2, Струмица, Битола и Кочани – по 1.

Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Направени се 5.390 тестови преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–99, ЦЈЗ Куманово–88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-295, Биотек-248, Систина-102, лабораторија Лаор-584, Синлаб-89, Ремедика-10, Плодност–32, Генеа – 7, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.261.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.