По одлуката на Филипче реагираа многу лица како од фелата, така и родителите. Родителите посочуваат дека за овој проект немаше дури ни дебата, ниту разговор со јавноста, да се прашаат и граѓаните што мислат за него. Па затоа запрашуваат загрижените родители зарем поважни му се парите на министерот отколку детскиот живот.
За овој проект дури и се произнесе екс министерот за здравство, актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари
– „Јас во последната година не гледам никаков напредок во јавното здравство. Луѓето бараат убаво и квалитетно јавно здравство. Впрочем ако видите и во бившите југословенски републики, во Србија, во Хрватска, во Словенија, во Босна и Херцеговина, ќе видите дека сите политики на сите влади, зборувам за здравствени политики, се сконцентрирани како да се подобрат условите во јавното здравство. Приватното нека си функционира, меѓутоа јавното да го направиш јавно-приватно партнерство за мене како лекар е скандал.“
Јавното здравство треба да се надоградува и да се инвестира во него, за да се подобрат условите за пациентите, бидејќи граѓаните заслужуваат подобри услови во државните болници. Со народните пари Филипче нема право да ги полни џебовите на одредени поединци. Здравството не треба да служи како алатка со која ќе се богатат министерот и одредени поединци.