Рокот на повеќе од 10 милиони вакцини во Германија истекува до крајот на јуни

Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе…

Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони.

Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер.

Германското Министерство за здравство за весникот „Велт ам Зонтаг“соопшти дека заклучно со 4 април годинава во складиштето на владата се наоѓаат 77 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Во кампањата за вакцинација, што во Германија почна на 27 декември 2020 година, првата доза ја примија 63,7 милиони лица, втората доза 63,3 милиони луѓе, а третата 49 милиони.


Related Articles