Сегашниот доминантен тип на коронавирус, омикрон БА.5 има дури три пати поголеми шанси да ве однесе во болница од неговата претходна варијанта, покажува новото истражување чии податоци ги пренесе „Експрес“.
Истражувањето на тим од Португалија покажа дека оние кои биле вакцинирани имале седум проценти шанси за хоспитализација кога варијантата BA.2 била доминантна, но овој процент се зголемил на 23 проценти во случајот со сојот омикрон BA.5. Тоа значи дека постои 3,3 пати поголем ризик од хоспитализација.
Како дел од студијата објавена во списанието „Медрксив“, истражувачите анализирале здравствени досиеја на повеќе од 27.000 случаи на пациенти. Од примероците земени помеѓу 25 април и 10 јуни 2022 година, 55,5 проценти беа класифицирани како BA.2, а останатите како BA.5. Се покажало дека луѓето кои ја примиле бустер вакцината имале значително помала веројатност да бидат хоспитализирани или да умрат од ковид.
– Кај заразените со омикрон БА.5, бустер вакцинацијата беше поврзана со 88 отсто намален ризик од хоспитализација и смрт од ковид, но дефинитивно поголеми шанси за реинфекција беа забележани во случаите на БА.5 во споредба со БА.2, се наведува во неколку светски студии.
Некои од симптомите на BA.5 се разликуваат од претходните варијанти на корона вирусот. Како што е објавено во здравствената студија „ZOE“, 10-те најчести симптоми на варијантите BA.4 и BA.5 се: настинка, воспалено грло, главоболка, кашлање, кивање, необична болка во зглобовите, грозница, зарипнат глас, мoрници.