Во најголемата болница во државава се уште најголем проблем претставуваат и преполнетите канти со отпад и дивите депонии низ целата клиника кои станаа сврталишта на мачки и кучиња скитници. Бездомните животни си зазедоа територија, а кучињата постојано се потенцијална опасност некој пациент да биде нападнат. Хигиената е најголемата болка на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и, што е најтрагично, лекот уште не е пронајден.
Освен отпадоци од храна, има токсичен и инфективен материјал односно крвни продукти и заразен материјал распослан среде Клинички центар. Овој токсичен материјал според стандардите треба да се пакува во специјален контејнер, и потоа се зема со посебно возило кое го носи до Дрисла.
Граѓаните знаат дека откако Филипче е министер приоритет не му ни е ниту здравјето на народот ниту хигиената. А, треба да се потсети министерот дека хигиената е и половина здравје. Можеби треба да започне да се залага за хигиената бидејќи вака граѓаните односно пациентите ги остава незаштитени и изложени на секакви болести и бактерии.
Од Министерството за здравство за проблемот со ѓубрето на Клиничкиот центар велат наоѓаат секакви изговори но решенија нема. И додека министерот со розевите очила ветува дека ќе го реши проблемот, пациентите се дават во ѓубре секојдневно. На оваа тема незадоволните граѓани по социјалните мрежи го искажуваат својот револт и бараат одговорност од министерот, на кој се му изгледа убаво и розово од својата фотелја.