Денес Дафина Стојановска носител на изборната единица 6 од листата на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека во Македонија се случи ситуација каде што директор на клиника наместо да помогне на граѓаните, само одмогна.
„Државата досега добро се справуваше со вирусот само изминатите три дена. Добро справување ќе беше уште на самиот старт кога се појави опасноста, да не се дозволи вирусот да влезе во Македонија. И една препорака уште еднаш јавно до сите, оној кој не може да помогне, барем да не одмага“, истакна Стојаноска.
Стојаноска додаде дека во Македонија се случи ситуација каде што тој што требаше да помогне многу одмогна, за директорката на Клиника за дерматологија се однесува ова. Но факт е дека не е доцна да се спречи, но тоа може да се спречи само со ригорозни мерки. И истите треба строго да се почитуваат.