Светската здравствена организација е загрижена поради растот на случаи на Ковид-19 во Кина и ја поддржува владата да ги фокусира своите напори на вакцинирање на луѓето со најголем ризик низ целата земја, изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој потенцираше рече дека е „многу загрижен“ поради бранот новозаразени без преседан во Кина и го повика Пекинг да обезбеди детални информации за сериозноста на ситуацијата.
– СЗО е многу загрижена поради развојот на ситуацијата во Кина, рече Тедрос на неделната прес-конференција, апелирајќи за детални информации за сериозноста на болеста, приемите во болница и на интензивна нега.
Изјавата доаѓа откако германската Влада потврди дека ја испратила својата прва серија на вакцини БиоНТек против Ковид во Кина, кои првично ќе се администрираат кај германските иселеници.
Вакцините беа испратени откако Кина се согласи да дозволи германските граѓани во земјата да се имунизираат со вакцина на „Бионтек“. Дозволата беше дадена како резултат на договорот постигнат минатиот месец за време на посетата на Пекинг на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој исто така инсистираше вакцината да биде слободно достапна за кинеските граѓани.