После аферата со тендерот, Филипче – тендерче, нашиот министер за здравство продолжува со „работа“, смислувајќи нови начини за тоа како да го валоризира, односно претвори во пари тоа малку денови што му се останати како министер, бидејќи со вакви јавни дебакли од ваков калибар почнаа и неговите колеги и сопартијци да прават фаци и да кажуваат: До кога, ќе има ли крај крадењево?
Така една од поинтересните изјави по медиумите деновиве е на бившиот министер за здравство, Таравари, како и на бившиот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
-Пред еден месец еден мој пријател ми кажа точно кој ќе го земе тендерот од 36 милиони евра во здравството, и тоа денеска се случува. Значи тие што ова го организирале, а се вика злосторничко здружување, тие биле толку комотни во елабораците, во стратегиите. Министерот за здравство не може да го исчисти Клиничкиот центар , па ќе се дрзне да направи таква работа што ќе влијае на пациентите негативно, тоа е повеќе од недозволиво, изјави Стевче Јакимовски.
Јакимовски потенцираше дека ова е парекселанс тендер бидејќи тука е вмешан премиерот, владата, министерот, посредници и фирми.
Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, кој осум месеци беше на чело на министерството за здравство и истакна дека здравството сега се наоѓа во позиција во која вториот човек во ресорот нема никаква информација за тендер кој е вреден повеќе од 35 милиони евра.
Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкета минатата година министерството за здравство било на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега министерството за здравство се наоѓа на едно од трите последни места на оваа листа.
Таравари истакна дека оставил министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.
-Ова е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, да го види ова Заев и да реагира, оваа вака не смее да се остави – изјави Таравари.
Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.
Филипче, Филипче, на мајка и на татко, кога колегите од фелата, претходните министри, политичари и народот заедно со нив приметуваат дека одбројани ти се деновите како министер, да знаеш дека тоа е така. Остана уште нешто ситно, дај си оставка со време и замини си малку подостоинствено отколку што ќе си заминеш кога народот ќе ти даде отказ. Инаку колку само за потсетување да знаеш дека за „неделата“ сторени од твоја страна ќе си одговараш и тоа дебело. Тука нема сенка која може да те скрие, тендерчињата, докторите, реагенсите, депонијата на клинички нема никој да ја заборави. – го потсетија граѓаните министерот Филипче.