Проблеми со дишењето, варирање на крвниот притисок, главоболки…Деновиве ова се најчестите симптоми поради кои граѓаните бараат здравствена помош. Топлото време им го влошува здравјето а најпогодени се хронично болните.
-Ми смета, едвај се движам, еве сега се снимав
-Многу ми смета ова време и затоа гледам да не излегувам и седам дома, Крвен притисок, шеќер..се е проблем, велат граѓани.
Дека високите надворешни температури се проблем и за младите и за старите, зборува и евиденцијата во Брза Помош. За едно деноноќие имале дури 150 повици. Денеска до пладне интервенирале кај пациент со мозочен удар и три колапси на улица.
-Има зголемен број на јавувања и затоа мора да се внимава – Да бараат помош ако имаат глабоволка, дијареа или болки во стомакот..Многу течности и електролити и никако консумирање на алкохол во овие топли денови, вели др. Елена Карева Пиловска од Брза Помош.
Кога е топло доаѓа до ширење на крвните садови и со тоа се зголемува можноста од срцев удар, предупредуваат лекарите. Велат дека дополнителен проблем за хронично болните како и метеопатите се најавите на УХМР дека од вечер и за време на викендот ќе има дождови и намалување на темепратурите.