До 17 јули на територијата на Република Србија беа регистрирани 29 случаи на заболени од треската Западен Нил, а првиот смртен случај е регистриран оваа година, според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија.
Останува отворено прашањето дали болеста може да се прошири и во Македонија?!
Смртниот случај е забележан во Нови Сад, кај машко лице на 84-годишна возраст со придружни хронични заболувања.
Интересно е што 29 случаи на овој вирус беа регистрирани во Србија оваа година, а само 13 во Европската Унија во Грција и Италија.