Три природни лекови против анемија

Доколку имате проблеми со анемија важно е исхраната да ја збогатите со состојки кои се природни лекови за оваа состојба. Во продолжение ќе прочитате зошто сусамот, спанаќот и доматот се…

Доколку имате проблеми со анемија важно е исхраната да ја збогатите со состојки кои се природни лекови за оваа состојба.

Во продолжение ќе прочитате зошто сусамот, спанаќот и доматот се одлични во борбата против анемијата.

1. Сусам

Црното семе во сусамот е одличен извор на железо, а еве како да го употребите во борбата против анемијата.

Ставете една лажичка сусам во вода и оставете да отстои два часа. Исцедете го сусамот и изгмечете го за да добиете паста. Додадете една лажичка мед и добро промешајте Земајте по една лажичка од пастата два пати дневно.

2. Спанаќ

Само половина шоља спанаќ е се што ви е потребно да ја зајакнете крваната слика. Богат е витамините А, Б9 и Ц, железо, калциум и бета каротен. Вклучете го спанаќот во секојдневната исхрана, но внимавајте да не го преварите бидејќи на тој начин ќе го сманите нивото на оксална киселина која ја спречува апсорбцијата на железото.

-Спанаќот додадете го во салата. Може да го измешате со целер, брокула, кељ и ќе добиете здрав и поинаков додаток за вашиот ручек.

-Сварете половина шоља спанаќ за да направите супа. Додадете ги вашите омилени зачини и оваа вкусна супа јадете ја два пати дневно.

-Во чаша со сок од листовите од спанаќ додадете две лажички мед. Овој сок пијте го секој ден, наредните 40 дена.

3. Домат

Не е доволно да имате високо ниво на железо во крвта, потребно е и вашето тело да го апсорбира. Доматот е одлично решение за подобра апсорбција за железото. Богат е со витамин Ц.

-Јадете свеж домат секојдневно. Внесувајте го во салата, сендвич или едноставно јадете го самостојно.

-Испијте чаша сок од домат барем еднаш дневно.

-Додајте домат во јадењата кои ги подготвувате.


Related Articles