Иако многу жени мислат дека напрегањето и физичката активност не треба да се практикува во текот на бременоста, бројни истражувања го сугерираат сосема спротивното.
Освен што може да се олесни породувањето и враќањето во форма, стручњаците велат дека го намалува и ризикот од постпородилна депресија. Последната студија пратела 600 трудници и нивната физичка активност во текот на седмиот месец од бременоста.
Се покажало дека дури 15% од нив, кои биле потполно неактивни, подоцна пателе од постпородилна депресија. Жените кои се придржувале на упатствата за 150 минути неделно вежбање со умерен до јак интензитет, покажувале симптоми за депресија во само 3% од случаите.
Вежбањето не треба да го занемарат ниту жените кои планираат семејство. Нова студија препорачува четири часови интензивен тренинг неделно, а стручњаците тврдат дека може да влијае врз плодноста кај жената и спречување на спонтани абортуси.