Урмите имаат голема нутритивна и здравствена вредност, поради што луѓето ги сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се богат извор на природни влакна кои се неопходни за работата на цревата. Шеќерот од ова овошје е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Урмите се вистинска мултивитаминска таблета која може да ја користат и децата и возрасните.
Одличен извор на железо: Ова е посебно значајно за оние кои боледуваат од анемија. И овие лица би требало да јадат што повеќе од ова овошје. А железото, како дел од хемоглобинот го одредува количеството на кислород во крвта, а најмногу им треба железо на децата и бремените.
Ја запираат дијареата: Урмите содржат и калиум кој е многу неопходен кај запирањето на дијареата. Помага така што цревната флора брзо се обновува, а со помош на ова овошје полесно се создаваат добрите бактерии во цревата.
Ја регулира телесната тежина: Поради високиот удел на хранливи супстанции ова овошје предизвикува чувство на ситост и помага да губиме вишок килограми.
Го снижуваат холестеролот: Тие имаат способност да го смалат количеството на несакниот ЛДЛ односно лошиот холестеролот во телото. Затоа ова овошје е одлична храна за луѓето кои имаат покачен холестерол.