Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 39, Битола – 4, Прилеп – 3, Куманово и Велес – по 2, Тетово, Штип и Неготино – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 36 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Куманово – 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.