Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Тој изрази надеж дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба.
Според министерот, не можеле да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип. Филипче воедно наведе дека тие биле со претходни заболувања од кои две биле деца. Оваа сезона вкупно 11 лица починаа од компликации од грип и покрај тоа што министерот посочува дека ситуацијата е под контрола и дека се е во ред!
Дали навистина така стојат работите и уште колку пациенти треба да починат за да министерот побара помош за контрола и сузбивање на епидемијата со морбили и големата раширеност на свинскиот грип? – прашуваат и коментираат по социјалните мрежи загрижени пациенти и граѓани