Од денешната комисиска дискусија по предложените измени во законот за здравствена заштита, СДСМ само уште еднаш потврдува дека немаат капацитет да ја водат државата, а здравството со секој нареден ден е во полоша состојба.
Во моментот сме сведоци на нефункционален здравствен систем, во кој поголем дел од пациентите не можат да ги добијат потребните здравствени услуги, а поголемиот дел од здравствените работници се незадоволни и ја напуштаат сопствената татковина !
Ванковер Манчев, пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како голем поборник за сочувување на младите доктори и специјализанти во државата и со грижата која ја покажа денес на седницата само демонстрира дека ги поседува квалитетите за да биде идниот министер за здравство. Доста беше со ликови како Венко Филипче, кои воопшто не се грижат за ниеден сегмент од здравството, потребна е промена.
На народот, на пациентите му се потребни капацитети и квалитети на доктори, професионалци и пратеници кои ќе му покажат на обичниот граѓанин, пациент, болен, дека грижата за неговото здравје не е само негова има и некој друг кој се грижи, поставува основи и се бори за секој еден пациент да го добие потребното ниво на грижа за да се излекува. А воедно да ги застапува рамноправно и потребите на младите доктори за да истите останат во државата.
Здравјето е најкревката и најболната страна на секое општество, затоа посебно во овој сегмент е битно лидерот на ова министерство да биде личност која ги разбира работите и личност која се грижи за колективното и општото добро.