Министерот за здравство Венко Филипче убедува дека бесплатното болничко лекување, кое ќе почне од 2019 година, нема да ги остави клиниките и болниците без пари.
„Од буџетот преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се вложи дополнителен износ средства во сите клиники и болници. Во никој случај нема да се намали бројот на новите методи кои планираме да ги имплементираме“, изјави Филипче.
Власта не отстапува од намерата за укинување на партиципацијата за болничко лекување. Парите од буџетот преку Фондот би се префлале на клиниките, вели ресорниот министер. Мерката би стапила во сила на 1 јануари, а партиципацијата би останала за лекарските прегледи и за медикаментите.
Од друга страна анализата на Хелтгрупер покажа дека укинувањето на партиципацијата за болничките здравствени услуги ќе ги зголеми листите на чекање во државните болници што ќе ги принуди пациентите да се лекуваат во приватното здравство, покажува, организација, која ги истражува состојбите во здравството во Југоисточна Европа.
Оттаму посочуваат, дека зголемената побарувачка на услуги, ќе ги зголеми цените на услугите во приватното здравство со што директниот резултат од укинувањето на партиципацијата ќе се одрази врз џебот на граѓаните, во наредните една до две години.
Ниту ти министре повеќе не веруваш во изречените лаги на премиерот ниту пак веруваш во твоите ветувања што ќе ги дадеш. Затоа ова не е како предлог туку добронамерен совет, што побргу замини си од функцијата министер тоа побрзо ќе може да се среди хаосот во здравството во Македонија – порачаа граѓаните.
Слушни го малку гласот на народот, погледнете ја погоре закачената анкета и разберете што сака да кажат граѓаните. ДОСТА Е! ЗБОГУМ!