Вкупно 252 лица се лекуваат на инфективните оддели, а 43 се нови хоспитализирани во ковид центрите

Во последниве 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат…

Во последниве 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

На Кожната клиника во моментов се лекуваат 20 пациенти, а на Клиниката за неврологија 24 болни. На Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симптоми на корона вирусот.

Ковид центарите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денес.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 112 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.


Related Articles