„Власта на СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома. Здравствените институции немаат капцитет да одговорат на основните потреби на граѓаните. Недозволиво е во Република Македонија во 21 век за еден месец три родилки да ги загубат своите животи во породувања. Недозволиво е за недела дена четири деца да завршат во кома поради дијабетис. Поради состојбите во нашето здравство овие деца може да имаат трајни последици“. Ова во соопштение денеска го порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека „Недозволиво е хигиената во Кличникот центар во Скопје да биде во толку катастрофална состојба претставувајќи ризик и за пациентите и за нивните семејства. Ова е срам кој не доликува на држава која сака да стане дел од Европската Унија. Клиничкиот центар повеќе личи на депонијата Дрисла отколку на институција која треба да пружи највисоки стандарди на лекување“.
„Недозволиво е за сите овие скандали да бидат виновни сите, само не и неспособното раководење на СДСМ во здравството. За жал ништо од ова не допира до министерот за здравство, кој ја ужива целосната поддршка и заштита од Зоран Заев. Единствено што го интересира министерот се матните тендери од кои корист имаат само фирмите блиски до врвот на СДСМ“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.