Во Битола, медицинскиот персонал ги подсреди малку ординациите каде ги пречекуват најмладите, убави столчиња, средено, наместено. Ентериерот е одличен, но недостига кадар. Вработен педијатар во ова одделение проблемот го гледа во лошото менаџирање, нема доволно капацитет од надлежните, од министерот за да може да се среди ова. Битолчани немаат каде да ги прегледаат децата. Генерациите што доаѓаат нема кој да се грижи за нивното здравје.
Педијатарот додава дека во моментов на дежурства доаѓаат педијатри од Прилеп, но таа вели дека детската патологија е многу променлива и не може детето само да биде примено, треба и да се следи неговата состојба. Кој да ја следи кога нема доктори.
Таа обвинува дека педијатрите од Прилеп доаѓаат веднаш по завршувањето на дежурство во Прилепската болница што не е дозволиво по закон. Згора на се тие земаат по 6000 денари дневница за да бидат тука пристуни бидејќи има недостиг на овој кадар и персонал во Битола. Што прави министерот, каде гледа, кога ќе се реши оваа ситуација, ако не може да одговори на барањата од позицијата министер, нека си замине, министер кој не знае да си ја брка работата не е продуктивен ни како чистач што го преспива денот на работа!!!