Во Франција се регистрирани 91 608 новозаразени за еден ден со Ковид-19

Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа…

Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, при што починале 179 лица. Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои 3.208 на интензивна нега.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека во Франција, како и во многу други земји, „бустер“ дозата ќе заштитува од бранот со сојот Омикрон.

Во Велика Британија исто така, се забележани рекордни бројки – 119.789 регистрирани нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот ден беа 106.122. Евидентирани се и 147 нови смртни случаи. Податоците на британските здравствени служби покажуваат дека шансите пациенти заразени со сојот Омикрон да завршат во болница се за 50 до 70 отсто помали во споредба со варијантата Делта.


Related Articles