Во изминатите 24 часа извршени се само 189 тестирања на коронавирус во земјава. Од нив регистрирани се десет нови случаи.
Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти најновите дневни информации за состојбата со Ковид-19 во земјата.
Новите случаи се регистрани во Скопје-6, Куманово-2 и во Прилеп и Велес по еден случај. Оздравени се пет пациенти од Скопје и Неготино, а почина уште едно лице.
Во земјава вкупниот број на заболени од коронавирус порасна на 1 674 лица од кои 1205 се оздравени. Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 92 лица, а 377 се активни случаи.
Во изминатите 24 часа на Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти, а на ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 13 нови пациенти.