Загадениот воздух е многу актуелна тема деновиве. И тоа како треба да ве засега бидејќи со секојдневното сме изложени на загадениот воздух, а она што може да му направи на нашиот организам е тема за која треба да се размисли.
Целосна заштита од штетните честички не постои, но сепак постојат неколку чекори што можеме да ги превземеме за да се заштитиме.
Наједноставно решение е да заминете некаде надвор од градот, но доколку тоа не е возможно постојат и други начини барем малку да се заштитиме:
– Колку и да негодуваш да ги носиш заштитните маски додека си некаде надвор, тие помагаат при заштитата. Знаеме дека некои од нив и не изгледаат баш најубаво и најпривлечно, но можеш да ги обоиш со обични маркери и да не изгледаат толку едноставно и застрашувачки. Но има и маски кои се навистина иновативни.