Доколку се погледне состојбата во македонското здравство не само што нема што да се види, туку и никаква промена неможе да се примети, тоа е како по дома ако ви текнува кога нешто ќе направите, ќе викнете мајстор да го направи/поправи и потоа ќе го заборавите, знаете после извесен период што ќе се случи, ќе почне да се амортизира, да се троши, нема да функционира како што треба и на крајот ќе откаже, затоа што не било одржувано редовно и подобрувано доколку имало простор за тоа.

Епа, некако е исто и со нашето здравство и здравствениот систем во Македонија. Добивме министер, како да не сме добиле ништо, како фотељата сеуште да е празна, никој не се грижи за клиниките, за институциите, за пациентите, сите оставени сами на себе. Претходно дефиниравме со претходната власт мој термин, достапно здравство за сите, стручен кадар, доктори, услужливост, систем на оценување за подобро здравство како и што уште не.

Сега со доаѓањето на новиот министер, наместо тоа што се наследило да се одржува некако се запоставува, некако се тоне, се распаѓа, мој термин воопшто не функционира, се препакуваат лекови, лекови со поминат рок се дават на пациенти, се носат вакцини од непознати земји се воведуват во вакциналните картони се некако се тркала низбрдо.

Така некако го доживуваат и граѓаните здравството како да е маќеа за нив, ако сакаат на некоја клиника нешто да платат, ако немат дајнерс картичка неможе на рати, бидејќи сега министерот Филипче ако не направи услуга на Шеќеринска или на нејзиниот сопруг кој е главен на дајнерс на кого, а сепак нели партиските услуги се приоритет и број еден обврска на министерот за здравство не се тоа македонските граѓани и пациентите, тие нека се стрпат, трпение – спасение.

 

Обичниот пациент во државата е заборавен, тој што нема, што едвај преживува. Министерот со секој поминат ден на оваа позиција и со секоја негова одлука прави пациентите се повеќе да се разочарани во здравствениот систем во Македонија. Моментот кога нелегално се донесе законот за двојзичност, веднаш се пристапи кон известувања и имплементација на него, меѓутоа Филипче да се замара со секојдневни обврски тоа е вон сите нормативи има тој министерски работи на кои треба да се посвети и се разбира да даде што поголем број на ветувања во неговиот мандат, освен тоа доста битна работа е сега и со името каде што министерот за здравство игра клучна улога и затоа целото негово внимание е натаму насочено наместо да биде кон здравството. Има изговор, па министер е што сака може да прави!

Ние направивме и анкета да се види кои се реформите/промените кои ги направи Филипче откако е министер и од што се најмногу задоволни пациентите. Погледнете и проценете самите!