По повод Светскиот ден на белиот стап во туристичко-манастирскиот комплекс Лесново, здружението на слепи лица од Штип. Претседателот на Здружението на слепи лица-Штип, Драги Витанов вели дека на средбата ќе присуствуваат членовите на здруженија од Петрич, Бугарија и Врање, Србија.
– Идејата ни е на 15 октомври да организираме шаховски пријателски натпревар, кој што се надеваме дека од година во година ќе прерасне и во традиционален. Се очекува од 40 до 50 членови од трите здруженија да бидат гости на тој натпревар и средба, вели Витанов.
Смета дека ова е и шанса трите здруженија да соработуваат, но и да аплицираат за проект од фондовите на Европската унија, со кои ќе им се подобрат условите за живот и работа на здруженијата.
-Тоа ни е приоритет на оваа наша средба. Значи покрај натреварувачкиот карактер ќе имаме и договорни средби и за задничко учество и да аплицираме до некои фондации, рече Витанов.
Во Здружението на слепи лица –Штип, а кое ги покрива и општините Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш членуваат вкупно сто членови, од кои 50 се потполно слепи, а останатите се со оштетен вид.
Витанов забележува дека слепите лица низ градовите имаат бариери на улиците и тротоарите, но како што вели во Штип за среќа веќе ги нема семафорите, бидејќи крстосниците добија кружни текови.
-Инаку имаме проблем со паркирањето на возилата на тротоарите. Тоа постојано го потенцирам, конкретно еве кај училиштето „Димитар Влахов“ во населбата Сењак имаме широк тротоар, но таму за жал има постојано парикрани возила, со што слепите лица, но и малите деца и учениците имаат проблеми при движењето по тротарите, рече Витанов.
Од здружението се надеваат дека штипскиот градоначалник следните инфраструктурни проекти ќе ги насочи и направи така да лицата со оштетен вид или слепите лица да може послободно да се движат по градските површини и тротоари без притоа да налетаат на паркиран автомобил, за кои во моментот најмалку се води грижа од градските власти.