Државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев денеска се сретна со делегација од Турска владина агенција за соработка и координација-ТИКА, предводена од Ајтекин Ајден, програмски координатор на ТИКА за Македонија и д-р Орхан Дерман, проф по педијатрија на Универзитет во Турција.

Од Министерството за здравство информираат дека целта на средбата била претстојната обука на педијатри и неонатолози од интензивна нега на клиниките за детски болести и за гинекологија и акушерство, што ќе се одржи од 9. до 11 мај на Детската клиника.

На средбата, меѓу другото станало збор за можностите за унапредување на соработката на јавните здравствени установи во државата, а било изразено и задоволство од досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина.