Со воспоставување на критериуми за одредување на квоти и нов начин на исплата од Фондот кон аптеките се мерките што ги планираат здравствените власти за пациентите како и начинот на кој тие да имаат лекови на рецепт и после 15-ти во месецот. Министерот за здравство посочува дека прават анализа на терен со проверка на сите аптеки, за решението што ќе го донесат да биде во интерес и на фармацевтите и на осигурениците.

-Планираме нов механизам на исплата на аптеките од Фондот и наместо досегашниот начин на исплата по рецепт кога аптеките гледаа да имаат што повеќе рецепти од поевтините лекови, да го смениме тој начин и тоа врз основа на просек од остварена квота во тековниот месец, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Како и до сега се изнаслушавме ветувања, ветувања, ветувања. Министерот ветува на големо, нема нешто што тој го нема или неможе да го вети, ама само тоа и ќе го направи, во ниеден случај тој нема ветеното да го исполни. Така сега е случајот и со квотите, тие се спорни за нив граѓаните се бунат, министерот веднаш стапува на сцена и во стил на Филипче, веднаш ветува, лекови до после 15-ти во месецот. Кој е будала и без памет нека верува и нека се надева!

Ама нема повеќе такви, прочитани се твоите заложби и ветувања, јасно е на граѓаните колку ќе направиш и што ќе направиш министре, колку да излезеш на телевизија да те видат на камера дека демек си активен и нешто правиш за македонското граѓанство. Нема потреба повеќе министре, благодариме ние граѓаните, доволно е!

Пациентите постојано реагираат дека ако се разболат на 15-ти или 20 ти во месецот, џабе одат во аптека кога нема лекови на рецепт.

Најпогодени се астматичарите кои неопходните спрејови не можат да ги најдат на рецепт и после 5-ти во месецот.

Тука се наметнува прашањето ако министерот дава ветувања и ги залажува или барем се труди да ги „обработи“ граѓаните по незнаеме кој пат, граѓаните прво не се повеќе наивни да му поверуваат на ветувањата и тука не е исперцепиран, меѓутоа во целава ситуација граѓаните се прашуваат каде е со соопштение да излезе и да појасни нешто Ден Дончев директорот на ФЗОМ, кога тоа е институцијата која е виновна што нема лекови после 5-ти во месецот и таа е одговорна што квотите за лекови само се намалиле и воопшто не се зголемиле, нивниот број на денови не пораснал.

Граѓаните порачаа, каде што си Ден Дончев, таму и да останеш, да не се враќаш и подобро е воопшто да не се појавиш, дај си оставка и нема потреба повеќе да те видиме, кога нас ни требаат лекови и тебе те нема да си го одработиш своето за македонскиот пациент, во секоја друга ситуација не си ни потребен!