„Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.

Да биде иронијата поголема, ваквото ветување требаше да се спроведе во период од 6 месеци кога СДСМ ќе ја преземе власта, но и после речиси година ипол откако дојдоа ништо од ова немаат направено.

Доволно е секој од нас да ја отвори страната donacii.mk чија цел има да се упати апел до сите хуманни луѓе да им помогнат на сите оние не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. За жал тука е и апелот на малата Ева Kрстаноска која вчера ја изгуби битката со многу редок вид на леукемија. СДСМ, Заев и сите останати им ветуваа на граѓаните дека вакво нешто нема да дозволат повеќе да се случува.

Единствена разлика има во тоа што за Ева никој не излезе на протести или да повика оставка на министерот или на одговорните лица. Ги нема ниту ктивистите од Шарената револуција, ниту борците за човекови права, ниту пак загрижените невладини организации да излезат на улиците низ Скопје со транспаренти како што правеа против Никола Тодоров. Ги нема ни СДСМ да оддадат минута молк за Ева или за било кое дете што секојдневно умира.

Оттука се гледа хипокризијата на сите оние кои тогаш протестираа, дека не им било грижа за Тамара или за било кое друго дете. Им беше гајле само како да се сместат во своите фотељи, да добијат некоја пара или да се дограбаат да дојдат на власт. Тоа што тие го правеа беше нечовечко и нехумано се со цел добивање политички поени и давање на лажни ветувања со остварување на само една цел, а тоа е како да дојдат на власт и ништо друго да не ги интересира.

И додека на donacii.mk родители и роднини на речиси десетици дечиња и возрасни молат хуманите луѓе на оваа држава, а ги има многу, да се смилуваат и да донираат некој денар, Владата на СДСМ распиша тендер за садење на цвеќиња во вредност од 650 илјади евра.

Во нивни стил, како што тие говореа, запрашајте се колку Тамари, Еви и колку други дечиња има во овие 650 илјади евра.