Според одредени медиуми денес се објавија информации од страна на волонтерската мрежа „Skopje Pulse“ која има поставено нови шест мерни станици низ Скопје кои ја мерат концентрацијата на ПМ10 честиците во воздухот. Со новите станици највисока загаденост е забележана кај Клинички центар на Водно, каде утринава се измерени 130 ПМ10 честици на метар кубен.
Нова мерна станица е поставена и кај Излет каде утринава има 119 ПМ10, во Парк кај Фонтана и кај МЗТ во Гази Баба регистрирани се 91 ПМ10, во Козле 110 ПМ10, а во Ѓорче Петров кај Полициската станица 76 ПМ10.
Од апликацијата „Мој воздух“ посочуваат дека се работи за неофицијални информации, бидејќи се работи за станици поставени од мрежата на волонтери.
А, пак официјалните податоци на Министерството за животна средина, пак, утринава покажуваат загаденост во Центар, три пати над дозволеното, кај Ректорат 102 ПМ10, 100 во Бутел, 148 ПМ10 во Миладиновци, а 136 во Сопиште.
Додека, вчера мерната станица во Сопиште покажла екстремно висока загаденост, со над 400 ПМ10 на метар кубен.