Неофицијално дознаваме дека докторите на медицинскиот факултет во Скопје веќе две недели немаат покриено здравствено осигурување. Доктори кои мораат да земат лекови или да извршат одреден медицински преглед мора да си го платат и прегледот и лековите, бидејќи не им е покриено од Министерството за здравство, здравственото осигурување во Фондот за здравствено осигурување.
-Некој манипулира и си работи со парите на докторите и тоа веќе трае цел месец. Бројката за која се збори дека е оштетена и инволвирана во оваа „состојба“ на министерот и деканатот на медицинскиот факултет е околу 1000 доктори. Сите вработени во медицинскиот факултет, цел месец „кубурат“ со здравственото осигурување. – ни посочија дел од докторите со кои разговаравме
Објаснувањето кое го добиваат вработените доктори е дека ФЗОМ нашол грешка во партиципацијата за некоја пациентка од 200 денари и поради тоа се блокирани сите вработени од медицинскиот факултет, вклучувајќи ги и сите од институтите. Наводно било грешка во фондот – е објаснувањето на докторите кое им се дава при земање на лекови или ако имаат потреба од одреден преглед.
Дали министерот не знае за ова? Дали ФЗОМ не знае за ова? Каде се Филипче и Дончев да излезат и да им објаснат на докторите зошто не им е покриено здравственото осигурување, не се ли тие во работен однос? Каде е државата да реагира? Апел до надлежните, погледнете што се случува!
А од друга страна министерот промовира дека е во заштита на колегите, дека се залага за докторите и прави се што може да пациентите! Самите извлечете заклучок дали е тоа така?