Во општата болница во Струга, повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хирушкото одделение поради дефект на опремата за анестезија, односно гасната станица, обзнани на прес конференција Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Струга.
Поради ваквиот дефект, пациентите се препраќаат во Општата болница во Охрид, но за жал болницата нема капацитет да ги хоспитализира сите, а пациентите се принудени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Со неодговорното однесување на СДСМ и Министерот за здравство, Венко Филипче, се поигрува со животите на нашите сограѓани. Хаосот во здравството е продолжена рака на неуспешното менаџирање на Венко Филипче и успеа струшкото хируршко одделение, кое ги има едни од најдобрите хирурзи во Македонија, да го направи тотално нефункционално. – обвини Аџиоски.
Според Аџиоски ваквите состојби се една од причините поради кои докторите си одат од државата.