За само една недела грипот зеде пет нови човечки животи, со што вкупниот број оваа сезона сега изнесува 28 починати лица. Починатите биле на возраст од 5 до 86 години, што е најмногу досега по 2009 година кога се појави свинскиот грип и кога починаа 30-тина лица. Според здравствените власти починатите имале тешки респираторни инфекции, и 72 посто од нив се лица со постоење на една или повеќе хронични болести.
Минатата недела регистритрани се околу 500 нови случаеви на заболени од грип, со што оваа бројка е двојно помала во однос на претходната недела, но споредбено со истиот период лани бројот на заболени е за 20 тина проценти повисок. Вкупниот број на заболени за оваа сезона се искачил на 20 700 заболени. Епидемиолозите велат дека иако годинава бележиме поголем број на заболени со грип досега не била донесена одлука за прогласување на епидемија.
Филипче како министер за здравство, попознат меѓу пациентите како министер СМРТ, не мисли дека има потреба да се прогласи епидемија, не е дојдено уште до таму, не е нож до коска и после 20000 илјади заболени во оваа сезона. Но, со само 300-400 заболени лица од морбили епидемијата е сеуште активна. Нашиот министер е како земјата на чудата од романот на Алиса, гледаш и неможеш да поверуваш, се случуваат работи без никаква востановена пракса или логика. – посочија дел од родителите со кои разговаравме во клиничкиот центар
На крајот математиката покажува дека Филипче сепак се бори само за проценти, него пациентите не го интересираат. Процентот од вакцината за морбили е поголем, според некои груби пресметки 2.7 милиони долари, додека процентот за вакцината од грип е незабележителен во споредба со претходниот. Од тука само може да се најде логика во тоа зошто сеуште е активна епидемијата со морбили, а епидемија од грип немаме ниту во план да се прогласи. – се дел од коментарите кои ги сретнавме по социјалните мрежи