Филипче посочи дека почнале сериозно да работат на имплементирање на Акцискиот план за намалување на смртноста на новороденчињата, направиле план кој ги опфатил сите фактори што влијаат на новороденечката смртност.
– Направивме една анализа, без градот Скопје потребно е да се вработат 380 доктори. Во здравствениот систем во Република Македонија треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, а најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори. Сите да можеме да ги вработиме и повторно ќе нема доволно. Затоа почнавме да истражуваме иновативни начини за тоа како да ја подобриме патронажната служба, како и сервисите кои сега се даваат во болница, истакна Филипче.