Вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот за изминативе 24 часа се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 8 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга има 3 болни. Во Велес се лекуваат 8 болни, во Куманово 21, а во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 141 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.