Службата за заеднички работи на Клиничкиот центар, или Јавната установа од областа на здравството, нема капацитет да ги преземе сервисите за чистење на скопските клиники, ниту пак да управува со паркингот, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Во моментов, таа организација нема капацитет да ги преземе овие сервиси, ниту за чистење, ниту за регулирање на паркингот, оти нема кадар кој може да се справи со тоа. Следната недела имаме состанок со директорката да ги расчистиме овие работи. Тие имаат огромни долгови кои се наталожени со години, и сега треба да видиме како тие ќе се исплаќаат за да не се случи повторно блокирање на сметката. Освен долгови кон јавни претпријатија, како што беше случајот со долгот кон Водовод, има долгови и кон надворешни добавувачи. Заедно со Министерство за финансии се обидуваме да се структуира исплаќањето на долговите, оти таа служба обезбедува и лекови кон одредени клиники и не сакаме да има проблеми во функционирањето“, вели Филипче.

И додека надлежните ја префрлаат топката и бараат кој што да работи, во кругот на скопските клиники купишта ѓубре и пречекуваат пациентите. Непријатна миризба и реа под прозорите на болните, но тоа не ги загрижува надлежните.