Пристигнаа поголем дел од неопходните ленти за мерење на шеќер во крв

Од Министерството за здравство информираат дека пристигнаа лентите за мерење на шеќер во крв. Поголем дел од количините се пристигнати, а во тек е нивна распределба почнувајќи од Здравствен дом…

Од Министерството за здравство информираат дека пристигнаа лентите за мерење на шеќер во крв. Поголем дел од количините се пристигнати, а во тек е нивна распределба почнувајќи од Здравствен дом Скопје, а во текот на утрешниот ден и во другите здравствени домови низ државата, посочија од министертвото.

Изминатите неколку дена, поради актуелната кризна состојба во Украина, како што наведуваат од Министерството, краткорочно се пролонгираше транспортот на лентите, но тој проблем е веќе надминат.

Во текот на оваа недела ќе пристигне и преостанатата количина, така што непречено продолжува редовната дистрибуција на ленти за пациентите со дијабетес, потенцираа за македонските медиуми од Министерството за здравство.


Related Articles