Пред точно два дена во Хрватска пристигна новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот на коронавирусот. Според информациите кои ги пренесоа хрватските медиуми вакцините се очекува да бидат дистрибуирани низ целата земја до крајот на седмицата.
Хрватскиот институт за јавно здравје, пак објави дека вкупно 187.200 дози од адаптираната вакцина ќе бидат дистрибуирани до окружните јавни здравствени установи.
Новите вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ неодамна беа одобрени од Европската агенција за лекови против омикрон-сојот. Но, тие можат да се примаат само како дополнителна доза, а не како прва вакцинација.
Сите граѓани кои ја примиле втората и третата доза може да се вакцинираат, но лекарите особено препорачуваат вакцинација за лицата со возраст над 60 години и хронично болните.